На 30-ти јули 2025 година, во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, извршија засилени контроли во водите на Охридското Езеро со цел спречување на незаконит риболов.
– Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи“ со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми. Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна постапка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.