Во период од 25 до 27 јули во Бургас, Бугарија, беше одржано Европското Првенство на Интернационалната Јапонска Карате-до Асоцијација на кое претходеше врвен Карате семинар под водство на Светскиот Шеф Инструктор на ИЈКА Утсуми Такато Сенсеи.

Од ИЈКА Македонија информираат дека нашата репрезентација се врати со освоени 4 медали:
●Калина Георгиеска – сребро во Кумите јуниори категорија кафеави и црни појаси 12-13 години;
●Евгенија Глигороска – сребро Кумите и бронза во Кати јуниори категорија кафеави и црни појаси 10-11 години;
●Вера Блажеска – бронза во Кихон ипон Кумите јуниори категорија до зелен појас 10-11 години.

