Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно, услови за краткотрајно невреме

Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 24 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 24 степени Целзиусови.

 Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица, велат од УХМР.