Денес започнуваат чествувањата на Општина Охрид која со свечена програма ќе го одбележи 2 август – Денот на Републиката. Настаните се и во чест на трите големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.
Вечерва во 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевциќе биде прикажана изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Предвидени се обраќања на претставник од Општина Охрид, Иван Нацевски, потпретседател на Македонско грбословно друштво, академик Љупчо Коцарев, Ставре Џиков, промотор, како и Јован Јоновски, претседател на Македонско грбословно друштво. Настанот ќе биде збогатен и со настап на младите охридски музички изведувачи Мила Тренеска, Билјана Буџакоска и Дарио Тренески.