Skip to main content

Николоски: Од ноември нови авиолинии од Скопје до Мадрид и Стокхолм, од декември и до Прага, Бари и Келн

Потпишан договор за пет нови авиолинии од скопскиот аеродром.
 |  инфодеск  | 
Скопски аеродром

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција најави пет нови директни авиолинии од Скопје. Според него, новите линии ќе донесат повеќе туристи, бизнис можности и поврзаност за македонските граѓани.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага – Скопје, информираше вицепремиерот.

Со ова, бројот на новоотворени линии во изминатата година се искачува на 16.

Министерот посочи и дека бројките покажуваат раст на патничкиот сообраќај на двата македонски аеродрома.

-Само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром, додаде Николоски.