Skip to main content

Пикот на сезоната или за охриѓани познат како „издржете“

Праксата на закажувањето на бројни концерти околу 2 Август не изостана и годинава.Секој што ќе дојде во Охрид, во најголемата гужва, ќе најде нешто според своите преференции. Надлежните апелираат на одговорност и совесност за сите настани, концерти, забави да поминат безбедно. Градоначалникот вели општината е подготвена за предизвиците, проблеми ќе има но барем траат неколку денови.
 |  инфодеск  | 

Охрид го живее шпицот на сезоната, а деновите кои престојат се до 15 август се очекува наплив на гости. Околу Илинден кулминираат проблемите кои на лето го отежнуваат нормалното функционирање на градот. Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека општината е подготвена за предзивиците кои следат.

„ Сите институции, вклучувајќи ги јавните претпријатија и локалната самоуправа се спремни за она што претставува пик на туристичката сезона или деновите со најголем број туристи околу 2 август. Предизвиците постојат, посебно околу менаџирањето со отпадот, се случува проблем со паркинг местата и големата гужва, некогаш и со притисокот на вода меѓутоа тие се предизвици кои траат неколку денови во таа форма и потоа продолжува со нормално функционирање. – вели Пецаков.

Праксата на закажувањето на бројни концерти околу 2 август не изостана и годинава. Поради негативните ефекти од голема посетеност во краток период познати туристички центри и дестинации ги редуцираат концертите и настаните од масовен тип.

Градоначалникот вели дека општината не може да контролира и ограничува кога и какви концерти организираат приватните објекти. Она што општината го организира како понуда е квалитетно и распоредено во текот на летото, потенцира Пецаков.

Тоа се Вино фестот, годинава имавме Коктел фест , на крај на летото имаме Ohrid water festival кој дефакто е фестивал на водени спортови но има и забавен дел покрај едукативен и одма после него е Џез фестивалот, така што тие се настаните со кои општината се потрудила да има понуда вон туристичката сезона или означување почеток на сезоната и нејзин крај со настани коишто се повеќе од културен аспект одлични.– посочува Пецаков.

Секој што ќе дојде во Охрид во најголемата гужва ќе најде нешто според своите преференции. Надлежните апелираат на одговорност и совесност за сите настани, концерти, забави да поминат безбедно.

Треба сите оние јавни настани коишто се одржуваат овде, на барање на самите организатори, Црвениот крст ги покрива со своите екипи и со своите волонтери, но и волонтеристе се постојано присутни во овој период, подготвени сме искуство имаме наназад со години и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред. Но апелирам и до сите оние гости кои ќе дојдат за време на државните празници на Илинден да се воздржат од некои егзибиции коишто не се во склад со нивната здравствена состојба и можности.“ – вели Сашо Точков, Претседател на Црвен Крст Охрид.

Поради големиот наплив на гости, полицијата веќе најави засилено присуство на најфреквентните локации меѓу кои и концертните настани, а охридската Брза помош ќе работи со дополнителни тимови.

Фото: Facebook