Skip to main content

Oтворена изложбата на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци

Изложбата ќе биде отворена секој ден (освен понеделник)од 09 -22 часот и ќе трае до 28 август.
 |  инфодеск  | 

Oтворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци.

После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а од 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.

Изложбата го носи насловот Нурни во мене’’,а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска , виш кустос при Националната Галерија од Скопје. Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана , куратор од Париз и Маја Чанкуловска.


Изложбата ”Нурни во мене” е од мултимедијален карактер и се оджува во Куќата на Робевци каде се изложени дела, слики а надвор во Лапидариумот на отворањето беше прикажан видео материјал насловен по истоимената изложба ”Нурни во мене”. Tоа е 28 минутно видео во кое се прикажуваат инсерти од длабочините на Охридското езеро.


Изложбата ќе биде отворена секој ден (освен понеделник)од 09 -22 часот и ќе трае до 28 август.


Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Австрија.