На 16-ти август ќе се одржи Охридски вински салон 2025 – „Над Езерото“
Во сабота, на 16-ти август 2025 година по втор пат ќе се одржи винскиот настан – „Над Езерото“ – Охридски вински салон 2025.
Канео Ресторан како промотор на винската култура, повторно ги сплотува сите најзначајни македонски винарии и дестилерии и го доближува македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика. Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти.
Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, како и некои млекари, а свој настап од 21:00-23:00 ќе има Агни Авшар квинтет.

На настанот ќе имате можност за дегустација на вино во кристалните чаши на брендот RIEDEL. На самиот влез на настанот ќе треба да подигнете чаша со ваучер кој е вклучен во цената на самата влезница.

Влезниците на настанот може да ги набавите во Канео Ресторан и Џез Ин, по цена од 1200 денари во претпродажба, 1400 на денот на настанот. Со купена влезница на настанот ја добивате можноста за неограничена дегустација на вино, вински дестилати и храна, како и Riedel специјална чаша за вино.
Охридскиот вински салон „Над Езерото“ ќе се одржи на летната сцена „Долни Сарај“, на 16.08.2025, и ќе трае од 18:00-01:00 часот.
Телефон за резервација и продажба на карти: 078 374 702 / 070 850 282