Skip to main content

Бојан Велевски и Марјан Георгиевски со заедничко стендап шоу на Антички театар: „Ова не е нормално“

Најавуваат квалитетна продукција со осветлување, режија, сценографија и целосно нов материјал, специјално подготвен за оваа вечер.
 |  инфодеск  | 

 На Антички театар во Охрид, во понеделник, на 4-ти август 2025 година, од 21:00 часот, комичарите Бојан Велевски и Марјан Георгиевски ќе се одржaт заедничко стендап шоу „Ова не е нормално“.

– Тие ќе ги отворат сите теми кои секојдневно нè тераат да се запрашаме: Добро бе, дали некаде вака се живее? Ќе го кажат сето она што сите го мислат, но ретко кој го кажува гласно и ќе ви покажат зошто навистина ова не е нормално, велат организаторите.

Најавуваат квалитетна продукција со осветлување, режија, сценографија и целосно нов материјал, специјално подготвен за оваа вечер.

Билетите се продаваат преку продажната мрежа на Купи карта и и на тезгата „кај Аждер“ во центарот на градот.