Tрадиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, на 8 август (петок), во периодот од 19 до 24 часот и на 9 август (сабота), во периодот од 9 до 13 часот.

– Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, порачуваат од Црвен крст Охрид.