Skip to main content

На шанк во Градиште послужувале алкохол на малолетници

По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 03.08.2025 во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште”, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнале вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол.

-По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид