Skip to main content

Седмо издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“

Манифестацијата која ја организира Граѓанското здружение „Arte Azzurra“, е поддржана од Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Пештани

Во сабота, 9-ти август, започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“.

 – По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, порачуваат организаторите.

Манифестацијата ќе се одржи во центарот на село Пештани, а присутните ќе можат да ја видат жива традиција на замесување за свадба, да уживаат во староградска музика, повозрасните жители на селото ќе ги споделат спомените, легендите и вредностите од минатото. На програмата има и промоција на книги и поезија од најмладите и детски хумор.

Од 10 до 13 август од 17 часот ќе се реализира уметничка работилница за најмладите кои ќе сликаат под боите на зајдисонцето.

Манифестацијата која ја организира Граѓанското здружение „Arte Azzurra“, е поддржана од Општина Охрид.