Во деновите 8, 9 и 10 Август 2025 година, на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи манифестација „Пчели и мед“ во организација на Пчеларското здружение Охрид.
На манифестацијата локалните пчелари ќе го изложат својот мед и пчелни производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните племенити вкусови и специфичности на охридскиот мед.
-Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, порачуваат од Пчеларското здружение Охрид.