„Инженери на Македонија“ изработи образец за пријавување прекршок кога не е овозможен визуелен пристап до струјомерите
Со цел олеснување на поднесувањето на пријави од страна на граѓаните, во случај кога на корисниците не им е овозможен визуелен пристап до струјомерите, здружението „Инженери на Македонија“ информира дека е изработен образец за пријавување прекршок.
„Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, здружението ‘Инженери на Македонија’ изработи урнек за поднесување на претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер“,велат од здружението.
Секој засегнат може да го преземе образецот, да го пополни и достави по електронски пат или по пошта.
🔗 ИНРМ веб-страница (преземање на документи):
https://www.inzenerinarm.com/prevzemanje-dokumenti
🔗 Facebook група на ИНРМ каде е објавен документот:
https://www.facebook.com/share/p/16P8CmATVr/
Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини е надлежен за спроведување инспекциски надзор во случаите кога операторот на електродистрибутивниот систем (ЕВН Македонија) не овозможува пристап до мерниот уред, додаваат од здружението на инженери.
„Тоа претставува повреда на член 164 став (1) точка 19 од Законот за енергетика. Истовремено, овој прекршок е санкциониран со глоба од 1 000 до 3 000 евра во денарска противвредност согласно член 286 од истиот закон“,велат од „Инженери на Македонија“