Skip to main content

Приведен охриѓанец затоа што предизвикал пожар, следува пријава

Лицето се сомничи дека во атарот на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
 |  инфодеск  | 

На 07.08.2025 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 41 годишен охриѓанец, кој се сомничи дека во атарот на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

-При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.