Skip to main content

Охриѓанец со 1,86 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајка кај Ростуше

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
 |  инфодеск  | 
Алкотест

Доцна синоќа околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 42 годишно лице од Охрид.

-Тој со патничко моторно возило „сузуки“ со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека лицето е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта, се вели во полициското соопштение.

По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.