Skip to main content

Тинејџерите најбројни гости во екот на сезона 

Охрид преполн со туристи, најбројни гости во екот на сезона се младите средношколци и студенти. Експертите велат од туристи со слаба куповна моќ градот нема бенефит, а масовноста носи штети. Треба итно да се менува понудата.
 |  инфодеск  | 

Наутро  затрупан во отпад, попладне проблеми со водоснабдувањето и канализацијата,  метеж во сообраќајот, недостиг на паркинг, нервозни гости и домаќини. Вака  Охрид го живее  екот  на туристичката сезона. Билтенот на СВР Охрид полн со тепачки.  Прегласната музика и врева од  големиот број концерти до раните утрински часови не дозволува мирен  одмор.

Најбројни гости  деновиве се тинејџерите. Според експертите  Охрид е културна метропола, а не збиралиште на пијани средношколци,   итно е потребна нова стратегија.

– Сите оние  евтини, турбо, фолкери, да не ги наименувам сега,  носат публика која што ни доаѓа, и со тоа доаѓаат и тепачки. Градот е во хаос, комуналното предпријатие ден после концертите не може да го изчисти градот од губре кое што го гледаме, е видентно, овде по кејот, по Централното градско подрачје, и ке повторам, градот нема никаков бенефит, вели Челик Асим туристички работник.

Со ваква понуда Охрид привлекува публика со слаба куповна моќ. Градот нема бенефит, напротив масовноста има негативни последици.

Треба повеќе новитети, кои ќе бидат распространени во текот на целата сезона, не да се случува  се во 10 дена. Треба да ги имаме тие рамномерно од почеток на мај, па се до крај на септември. Знаеме дека во цел тој период има убаво време и дека може да се организираат разно разни дејности, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Според туристичките  експерти потребна е промена на  понудата  за привлекување на еколошки свесни и културни туристи. Наместо за забава Охрид  се посетува   за културно историските споменици,  археолошките наоѓалишта, музеите  и прекрасната  природа.

Новинар Соња Рилковска