Албански државјанин се обидел да прокриумчари 21 килограм свежа пастрмка
На влез во државата на граничен премин Ќафасан цариниците открија 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума на автомобил со кој патувал државјанин на Албанија
–Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи, информираат од Царинската управа.

Од почетокот на годинава, Царинската управа спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.
Оттаму додаваат дека ќе продолжат да делуваат во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, при што укажуваат дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.


