Вонземјани постојат но поарно за нас да не не` посетат
Речиси е сигурно дека постојат вонземјани, но луѓето треба на секој можен начин да се обидат да избегнат средба со нив, порачува еден од најголемите светски физичари Стивен Хокинг. Споредувајќи ја можната “посета” на нашата планета со откривањето на Америка,тој смета дека во тој случај ние би ја доживеале судбината на Индијанците.
| Maja Савиќ | Свет
Во новата серија на каналот Дискавери, астрофизичарот вели оти е совршено разумно да се претпоставува дека во вселената постои и друга интелигентна форма на живот.
Хокинг предупредува дека во случај да бидеме посетени од страна на вонземјани, многу е веројатно тие да ја срамнат планетава, по што Земјата ќе остане без никакви ресурси, за на крај напаѓачите да заминат.
“Ако не посетат вонземјани, исходот ќе биде сличен со пристигнувањето на Колумбо во Америка, нешто што не излезе добро за Индијанците. Доволно е да се погледнеме себеси за да видиме како интелигентната форма на живот може да се развие во нешто што не сакаме да го запознаеме,” објаснува Хокинг.
Наместо да праќаме информации со дијаграми за точната местоположба на Земјата во вселената, луѓето треба да направат сè што е во нивна моќ за да го избегнат контактот со вонземјаните, советува поранешниот професор на Универзитетот Кембриџ.
“За мојот математички ум, самите бројки ме водат кон заклучок оти постоењето на вонземјани е комплетно разумна претпоставка. Вистинскиот предизвик е да сфатиме какви всушност би биле тие,” изјавил Хокинг.
{loadposition content9}