Skip to main content

Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика

Ниту едно село и населено место нема да остане отсечено, смируваат надлежните  по полаките на жителите на општина  Дебрца кои со изградбата на автопатот Охрид Кичево немаат пристапен пат. Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика.  Крајниот рок останува крајот на идната година.
 |  инфодеск  | 

По поплаките на жителите на селата во Дебрца, кои со изградбата на автопатот Охрид Кичево останаа отсечени без притапни патишта, надлежните смируваат.  Ниту едно населено место нема да остане без пристапен пат. Во првичниот проект не била  превидена конекција на 15 000 жители кои гравитираат на потегот, но веќе се проектирани и започната е изградба на 16 надпатници и подпатници.

„Нема да има село или населено место на овој потег, кое што нема да е споено или директно на автопат,  или со пристапен пат на најблиската точка каде што може да се приключи на автопат. И  само кога сетотоа ќе е завршено, ќе се пушти во функција и овој дел.  Иначе, доколку работевме само на главната траса,  тогаш можеше и кога се отвараше горниот дел од патот да се отвор и овој, но тоа ќе значеше 15 000 луѓе отсечени и затоа решивме тука да  дадеме малке повеќе време со цел да луѓето добијат пристап.“ – рече минисетрот за транспорт Александар Николоски.

Изградбата на автопатот Кичево Охрид тече со засилена динамика.  Се градат надвозници,  се асфалтира, се поставуваат бетонски греди и еластична ограда.

„Да напоменам, а вие и самите гледате, дека од Климештанин пас е до Охрид, значи е активно се работи сгоро на секој метар. Има огромен број на механизација, ова невидено до сега, многу изведувачи, многу подизведувачи, сите заедно сме сплотени за да може оваа делница да ја пуштиме што поскоро.“ рече Коце Трајаноски директор на ЈПДП.                            

Заврши изградбата на надвозникот кај клучката Подмолје, привршува асфалтирањето и наскоро ќе биде пуштена   во употреба втората лента од автопатот на потегот од  село Климештани до Охрид.

Изградбата на автопатот Охрид Кичево започна во  февруари 2014 година, проектот имаше бројни недостатоци и застој со години. Последниот рок за негово конечно пуштање во употреба е крајот на 2026 година.

Новинар Соња Рилковска