Skip to main content

Мицкоски: Овој месец ќе започне изградбата на колекторски систем во Трпејца

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа.
 |  инфодеск  | 

Во селото Трпејца овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, потврди денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања при увид на градежни активности на автопатот Кичево-Охрид, соопшти дека во втората половина на август веќе се воведува фирмата изведувач во работа и дека проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази.

– Според моите информации, првата фаза е пречистителната станица и делови од двата цевководи, потисниот и одводниот. Потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што, даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано, во втората половина на август, веќе се воведува фирмата изведувач во работа, рече Мицкоски.