Skip to main content

Ова лето спасени 28 давеници во Охридското Езеро

Спасителите на вода имале над 700 интервенции, топлотни удари, водени шокови, колапси.  Две повозрасни  лица го загубија животот,  а по еден нуркач од Бугарија се уште се трага.
 |  инфодеск  | 

Рекорден број спасени давеници во Охридското Езеро.  28 лица, најголем број во средни години, но имало и деца.  Најчеста причина за давење е преценување на пливачките способности.

Спасителите имале и над 700 интервенции на прва помош, при повреди од скокови во вода, топлотни удари, температурни шокови  и  колапси.

-Два давеници биле пасивни давеници, значи во безсознание  и 26 интервенции на активни давеници, кои што биле свесни, но не можеле да се изборат со водата..  Повторно истиот апел  ќе го упатиме до посетителите, до капачите да ги користат  безбедните капалишта, вели Сашо Точков.

Оваа сезона две повозрасни  лица го загубија животот, на плажа во вода,  а по еден нуркач од Бугарија, што нуркал на длабочина од 90 метри над селото Трпејца  се уште се трага.

-Се надевам дека со некоја по-софистицирана опрема, со помош од страна, ке може да се лоцира телото,  и ако е многу неблагодарно да се прогнозира и да се каже  на кое  место е, каде е започнало нуркањето ние не  знаеме, но дали водените струи кои што се појаваат,  се многу активни на таа длабочина, многу силни,  не се знае каде е телото, додава Точков.

Сезоната на капење се уште е  во полн ек, на  плажите има голем број  посетители.  Законска обврска на концесионерите  е   да имаат безбедни капалишта. Погодемиот дел од плажите на брегот на Охридското езеро  не ги исполнуваат безбедносните стандарди.  Од Охридска страна спасители има  само на  11 плажи,  а на стушкото краебрежје само двајца.

Новинар Соња Рилковска