Вечерва ќе се одржи второто издание нa Охридски вински салон „Над Езерото“
Вечерва ќе се одржи второто издание на Охридски вински салон, „Над Езерото“.
„Канео“ ресторан, како промотор на винската култура, повторно ги сплотува сите најзначајни македонски винарии и дестилерии и го доближува македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика.
–Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти. Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални производители на храна и претставници на Slow Food, како и некои млекари, а свој настап од 21:00 до 23:00 часот ќе има Агни Авшар квинтетот, порачуваат организаторите.
Влезниците на настанот може да ги набавите во „Канео“ ресторан и „Џез Ин“, денеска по цена од 1.400 денари. Со купена влезница на настанот ја добивате можноста за неограничена дегустација на вино, вински дестилати и храна, како и Riedel специјална чаша за вино.
Охридскиот вински салон „Над Езерото“ ќе се одржи на летната сцена „Долни Сарај“, вечерва (16-ти август 2025 година), во периодот од 18:00 до 01:00 часот. Телефони за резервација и продажба на билети: 078/374-702 / 070/850-282.