Skip to main content

Вонредна крводарителска акција поради зголемени потреби од крв и крвни продукти

Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 20.08.2025 (среда) во службата за трансфузија во Охрид (Општа болница) во периодот од 9-13 ч.
 |  инфодеск  | 
Крводарителска акција

Зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, е причина за Црвен крст Охрид да организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 20.08.2025 (среда) во службата за трансфузија во Охрид (Општа болница) во периодот од 9-13 ч.

Од Црвен крст Охрид ги повикуваат граѓаните да ја изразат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.