Skip to main content

Сончево време со температура до 28 степени

Од викендов дневната температура ќе биде во опаѓање.
 |  инфодеск  | 
Ezero panoramska

Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 28 степени.

Во Македонија денeска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер. Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во недела, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

фото: Ѓоко Симјаноски