Skip to main content

Вработен во Национални шуми го оштетил претпријатието за половина милион денари

Поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
 |  инфодеск  | 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист, информираат од МВР.

Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.