Од денес до недела 24 август на СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржува најмасовниот спортски настан во Охрид, „Фер плеј купот“ по 14-ти пат.
Оваа година на турнирот ќе земат учество близу 120 екипи од 7 држави во 6 возрасни категории или над 2000 учесници.
Сите фудбалски натпреварите ќе се играт на терените на СРЦ „Билјанини извори“ а финалните натпревари се закажани за недела (24.08.2025 год).

„Фер плеј“ ги поканува сите љубители на спортот и фудбалот да дојдат да ги следат и да уживаат во натпреварите, и секако да ги бодрат екипите од Охрид.