Синдикалната минимална кошница за месец август 2025 год. изнесува 65.507 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507 денари, што претставува зголемување од 179 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816 денари или 4,49%, соопштуваат од Сојузот на синдикатите.
Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци во август достигнуваат 80.882 денари.
Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064 денари, што е зголемување од 382 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2.584 денари, односно 12,09%, посочуваат од ССМ.
Tрошоците за облека и обувки се намалени за 114 денари, за лична хигиена има намалување од 74 денари и за транспортот се намалена за 16 денари.