Итни мерки за зачувување на статусот на УНЕСКО
До крајот на годинава ќе бидат испочитувани голем дел од препораките на УНЕСКО. Институциите започнаа итна, неодложна и координирана акција за зачувувување на статусот на Унеско на Охридскиот регион. Ова се дел од заклучоците на денешниот состанок на Националната комисија.. Велат ќе се работи деноноќно и интензивно за во дадениот рок да се покаже решителноста на институциите за напредок во заштитата.
-Овој состанок беше многу важен да се даде задача и да се постават фокал поинт, значи, луѓе кои што ке бидат 24-7 подготвени од секоја институција, од секоја министерство кои што ке работат 24-7 на оваа проблематика и ке имаме координирана акција во овој временски период и тоа ке биде на вистина голем предизвик, изјави министерот за култура и туризам Зорал Љутков.

Претходно владата ги задолжи надлежните министерства , општините Охрид, Струга и Дебарца во наредниот период. да се разгледа Планот за управување со светското природно и културно наследство особено во делот на урбанизација и бесправно изградените објекти,
-Потребна е јасна координација и одговорност, бидејќи наша обврска е до 1. февруари 2026. година заедно со Р. Албанија да доставиме извештај за напредокот во заштитата на Окридскиот регион. Како што знаете, ова е предизвик, но и можност да се покаже дека кога се работи за национален интерес можеме обединето и заедно да делуваме, додава Љутков.
Овие итни мерки следуваат откако Унеско минатиот месец донесе одлука Охрид да добие уште една шанса,дополнителен рок од една година за исполнување на препораките и да не се најде на листата светско наследство во опасноот.
Новинар Соња Рилковска