Променливо облачно, ветровито и нестабилно време со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/час) во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.
Во Охрид максималната температура ќе се искачи до 29. степени.
Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.