Лишени од слобода охриѓанец и скопјанец кои управувале возила под дејство на алкохол.
Денеска (24.08.2025) во 00:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 30 годишно лице од Охрид.
– При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62% промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
Денеска (24.08.2025) во 02:51 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од СВР Охрид запреле патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45 годишно лице од Скопје и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,51% промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријава соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.