Skip to main content

Ова лето пловидбата во Охридското Езеро минува безбедно,  без ниту еден инцидент

Мирно лето на Охридското Езеро. До денес ниту еден инцидент во езерската пловидба. Инспекциските служби и езерската полиција постојано на терен, казнети 75 сопственици на глисери,  чамци, кои не ги почитувале пловидбените правила.
 |  инфодеск  | 

Ова лето езерската пловидба во Охридското Езеро минува  безбедно,  без ниту еден инцидент. Инспекторите и езерската полиција постојано се на терен. Од јуни до денес  извршени  се стотина надзори, а казнети се 75 сопственици на чамци, глисери. Најчести прекршоци се   глисирање на помалку од 300 метри до брегот, управување  без пловидбена дозвола и пловење во време кога е забрана.

-Во овој период е зголемен обемот на испекциски надзор во соработка со Езерската полиција  и сакам да апелирам до сите учестници во внатрешната пловида.  Навремено да си  ги извршува обрските за регистрација на пловните објекти,  да се придржува правилата и мерките за безбедна пловитва, вели Илија Арнаудоски, Kапетан на Капетанија на пристаништа.

За поголема безбедност оваа сезона се изврши и ископ на пристаништата во Охрид и Свети Наум, а набавен е и нов брз  чамец за инспекторите. Редовни контроли се прават  и на бродовите и кајчињата кои вршзт превоз на туристи.

Исто така, редовна контрола на бродовите врши Испектор за внатрешна пловида при капетанија на пристаништата  Во делот на сигурността на бродот, како хидранската мрежа, ПП апаратите, машинскиот дел на бродот,  навигациската опрема, бродските книшки, поставеността на патниците и бројот на патниците, додава Арнаудоски.

Од Капетанија на пристаништа велат постојано ќе вршат надзори и  нема да  дозволат непочитување на  пловидбените правила и загрозување на бебедноста на капачите и туристите.

Новинар Соња Рилковска