Skip to main content

Прв училиштен ден во новата зграда на ООУ „Кочо Рацин“

Новите училишни простории на ООУ „Кочо Рацин“ се сместени во еден од објектите на поранешната касарна. Беше извршена целосна  реконструкција, адаптација и опремување на просторот, со што се обезбедени современи услови за изведување на наставата.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на пригорната свеченост по повод првиот училиштен ден, која се одржа во новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“.

Во своето обраќање пред бројните ученици, родители и наставници, градоначалникот Пецаков истакна дека му е  особено мило што има можност да ја почувствува радоста на првиот училишен ден и да упати најубави желби за успешен почеток на новата учебна година.

Локалната самоуправа покажа дека стои цврсто зад образованието како приоритет. Во време кога светот се менува со невидена брзина, токму вложувањето во овој сегмент од општественото живеење е најдоброто наследство што можеме да им го оставиме на нашите деца. А сега, дозволете ми да им се обратам на најважните ѕвезди на денешниот ден, нашите првачиња! Драги првачиња, денес за првпат ќе седнете во училишна клупа, ќе ја запознаете својата прва учителки, ќе ги запознете своите први училишни другарчиња и ќе започнете едно убаво и весело патување низ буквите и бројките. Нека вашите чекори бидат сигурни, вашите насмевки искрени, а вашите срца отворени за училишни успеси. Вие сте наша радост, наша гордост и мотив да работиме уште повеќе за да ви обезбедиме подобри услови за среќно и безгрижно детство. Нека е честит првиот училишен ден, нека е среќна и успешна новата учебна година во Охрид! Да славиме и да се радуваме заедно на големи училишни успеси, рече Пецаков во своето обраќање.

Во рамки на свеченоста се одржа едукативната театарска претстава „Во царството на другарството“ во изведба на актерите од „Театар хит комедија“: Сашо Ристовски, Магдалена Ризова Черних и Ема Давчева. Исто така присутните имаа можност да проследат и музилчка точка подготвена од страна на учениците.

Новите училишни простории на ООУ „Кочо Рацин“ се сместени во еден од објектите на поранешната касарна. Беше извршена целосна  реконструкција, адаптација и опремување на просторот, со што се обезбедени современи услови за изведување на наставата. Вкупната инвестиција на овој капитален проект изнесува околу 90 милиони денари.