Skip to main content

Младата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за ЕП 2027 против Италија

Натпреварот ќе се игра во 18:15 часот на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ во Битола.
 |  инфодеск  | 

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за ЕП 2027 година.

-Фудбалерите се подготвени за Италија. Анализиравме и планот за мечот е направен. Италија е многу поразлична репрезентација од Полска. Играат различен систем, тактички се на врвно ниво, имаат брзи крила и треба да бидеме многу внимателни, изјави селекторот Станиќ.

Натпреварот ќе се игра во 18:15 часот на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, кој по долги години ќе угости една македонска селекција. Според најавите, трибините, чиј капацитет е 8.587 места, ќе бидат исполнети.

ФОТО: FFM.MK