Skip to main content

На денешен ден почина охридскиот кујунџија Вангел Деребан

На денешен ден во 2013 година згасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии.
 |  инфодеск  | 

На денешен ден во 2013 година згасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии. Роден во далечната 1920 година во Струга, тој ја продолжува неколкувековната фамилијарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.

За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Во чест на најпознатиот кујунџија Вангел Деребан, Охрид во 2021 година го доби својот Музеј на филигран каде е изложен накит стар со векови и автентичниот алат со кои макотрпно работеле старите кујунџии.

Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид, но и на Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид.