Во јули 2025 година во Охрид се издадени 6 одобренија за градење, според податоците од Државниот завод за статистика. На 2 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 4 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 28 станови со вкупна корисна површина од 1774 м2.
Во општините Струга, Дебрца и Вевчани во месец јули не е издадено ниту едно ододбрение за градење.
На ниво на државава бројот на одобренијата за градење во јули годинава е зголемен за 7.2 % во однос на истиот период од претходната година.
Во јули годинава се издадени 401 одобрение за градење од кои 228 (или 56.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 46 за објекти од нискоградба и 127 за објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60 676 м2.