општина охрид
Утре промоција на четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“
Промоцијата на книгата ќе се одржи во петок, на 12 септември 2025 година, на мини плоштадот „Вангел Наумовски“ во 12:00 часот. Настанот е дел од активностите за одбележување на деновите посветени на литературата за деца.
Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе четвртото издание на книгата „Тие доаѓаат“, во кое се поместени творби на ученици од основното и средното образование од Охрид.
Книгата е составена од три дела: во првиот се објавени творби на учениците од основните училишта, во вториот на средношколците, а во третиот дел, со наслов „Светлините на градот“ се поместени творби посветени на Охрид.
Изборот, предговорот и редакцијата на изданието се на Славе Ѓорѓо Димоски, а уредник е Митре Велјаноски.