Застрелан десничарско-конзервативниот активист Чарли Кирк
Чарли Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше убиен вчера попладне по американско време додека учествуваше на собир на Универзитет во Јута, на кој присуствуваа повеќе од 3000 луѓе.
Снимки од инцидентот покажуваат како Кирк држи говор пред голема група луѓе на отворено, кога се слуша пукање. Кирк може да се види како ја движи раката кон вратот додека паѓа од столот, а присутните трчаат. Властите соопштија дека осомничениот веројатно пукал од покрив од значително растојание.
Успешната радио личност и подкастер Кирк беше шеф и ко-основач на организацијата Turning Point USA (Пресвртна точка САД), која се залага за ширење на многу конзервативни ставови во средните училишта, колеџите и универзитетите.
-Чарли инспирираше милиони и вечерва сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и земјата што ја сака толку многу, Соединетите Американски Држави, рече американскиот претседател и додаде дека „тој е модел за вистина и слобода, и никогаш немало никој што бил толку почитуван од младите“.