БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД одбележува 15-годишен јубилеј
Црвен крст Охрид одбележува уште еден јубилеј 15 години од работа на БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД Центарот за развивање на животни вештини, во која се имплементира Интернационалната Бреинобреин програма.

Во прекрасен амбиент на охридското крајбрежје, со едукативни игри, многу забава и дружење, бројни креативни содржини подготвени од аниматорот Анета-кловнета, децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид со голема возбуда и радост, го прославија 15 годишниот роденден на центарот БОБ-Црвен крст Охрид.


Колоритот на овој настан го збогатија и родителите кои се најголемата поддршка на децата и признание за нашиот центар, а секако и тренерите на БОБ програмата кои со својата висока професионалност и искрена посветеност придонесуваат за успехот на децата и профилирање на БОБ-Црвен крст Охрид центарот како еден од најдобрите во светски рамки.

-Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ни ја укажале довербата и овозможиле, во овие 15 години работа на Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, преку 100 деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и поефикасно општествено живеење и делување. Благодарност и до нашите поддржувачи кои ја помогнаа реализацијата на овој настан аниматорот Анета-кловнета, плажа La Fiesta и Астрадизајн, велат од Црвен крст Охрид.
Следува уште еден настан за одбележување на јубилејот 15 години од работата на БОБ-Црвен крст Охрид-Центарот за развивање животни вештини, на 18 септември, на кој „главните улоги“ ќе ги имаат учениците кои ги завршиле сите 10 нивоа од Бреинобреин програмата во центарот.