Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид: Уште два дена за пријавување за учество во Програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“

Работилниците ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид, а учеството во програмата е бесплатно.
 |  инфодеск  | 

Од општинската организација на Црвен крст информираат дека преостануваат уште два дена за пријавување на учесници во Програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“.

– Целта на оваа програма е да им се овозможи на младите да ги зајакнат своите лидерски и животни вештини, потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери и за да можат да земат активно учество во развојот на заедницата. „Млади лидери создаваат иднина“ е наменета за ученици од деветто одделение до трета година средно образование. Програмата ќе започне да се реализира на 16-ти септември 2025 година и ќе трае до крајот на 2025 година. Оваа програма опфаќа 13 работилници дизајнирани за јакнење на животни вештини, вештини за вработливост и вештини за граѓанско лидерство. Покрај тоа, во рамките на програмата ќе се одржи и Панел за кариера за време на кој неколку успешни граѓани ќе зборуваат и ќе одговараат на прашања за својот кариерен пат и за образовните квалификации и вештините потребни за да се успее во нивните професии, информираат од Црвен крст Охрид.

Работилниците ќе се одржуваат секој вторник, со почеток во 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид, а учеството во програмата е бесплатно.

Црвен крст Охрид упатува покана до сите заинтересирани ученици да се пријават за учество најдоцна до 14-ти септември 2025 година, пополнувајќи го формуларот на следниот линк.