Skip to main content

општина охрид

Полскиот амбасадор Бримора во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денес го прими амбасадорот на Полска во Македонија, Н. Е. Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денес го прими амбасадорот на Полска во Македонија, Н. Е. Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Охрид.

Високиот гостин од Полска го изрази своето воодушевување од Охрид како главна туристичка дестинација во регионот. Двете страни ги разгледуваа можностите за поголема туристичка соработка меѓу Македонија и Полска.

Заеднички беше заклучено дека двете нови авио линии кои од март 2026 година ќе сообраќаат од охридскиот аеродром Св. „Апостол Павле“  од и до полските градови  Вроцлав и Катовице  директно ќе придонесат кон зголемување на бројот на полски туристи на охридската ривиера.

Се разговараше и за богатата културна понуда на Охрид, фестивалот „Охридско Лето“, „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“, Охридскиот џез фестивал и „Ohrid water festival“.

На средбата беа разменети мислења  и за актуелните политички случувања во земјава и регионот.