Skip to main content

Сексуалните работници и медиумите

Медиумите да застанат наспроти сензационализацијата во користењето на јазикот, насловите и фотографиите, мотото и начинот на кој се прикажани сексуалните работници, порачаа од НО „Хопс“.

 |  Билјана Николовска  | 
prostitutka
проститутка
ProstituteМедиумите да застанат наспроти сензационализацијата во користењето на јазикот, насловите и фотографиите, мотото и начинот на кој се прикажани сексуалните работници, порачаа од НО „Хопс“.

Сексуалната работа и медиумите. На оваа тема денеска дебатираа претставниците на медиумите со НО „Хопс“. Целта на оваа дискусија пред се беше запознавање на новинарите како правилно треба да пристапат кон презентација на сторијата доколку има настан поврзан со сексуална работа. Катерина Партинова рече дека со медиумите мора да воспостават една базична соработка бидејќи според неа медиумот е еден од најважните фактори кога се мисли на општото креирање на јавното мислење. Таа додаде дека најчесто кога се известува за сексуалната работа се применува сензационализмот кај новинарот што е спротивно на нивната заложба.


seksualni rabotnici i mediumiНеколку месеци и НО „Хопс“ од Охрид работи со програмата за поддршка на сексуалните работници. Царева Рувинова рече дека оваа програма се совпаѓа со досегашната нивна работа за намалување на штети од употреба на дрога кај корисниците.
Дел од новинарите кои присуствуваа на јавната дебата сметаат дека треба да се прифатат сугестиите од НО „Хопс“ во рамките на известувањето за сексуалната работа. Мефаил Исмаили од дневниот весник „Коха Е РЕ“ вели дека е умерен кога се работи за прилог на оваа чувствителна тема и додава дека „сите сме луѓе и имаме подеднакви права“
Заклучокот од оваа суштинска дебата беше дека има многу митови околу сексуалната работа и сексуалната индустрија. Но најголем дел од нив не добиваат потврда кога фактички ќе се испитаат. Партинова која работи веќе десет години на оваа тема вели, дека нема никаква добра причина за некој да започне или да продолжи со сексуална работа и додава дека како и на сите други луѓе и на сексуалните работници им е потребна поддршка за осамостојување преку пристап до здравствена заштита, обука за работа, образование, ставање крај на дискриминацијата, како и добивање на можност з заработување за живот на повеќе од еден начин.
{loadposition content9}