Skip to main content

СВР Охрид

Сообраќајна несреќа кај клучката за струшко Подгорци, повредено лице од Неготино

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  |  ,
Сообраќајна несреќа

Синоќа, околу 20:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат, кај клучката за селото Подгорци, патничко возило марка „Фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано страна на 42 годишно лице од Вевчани, удрило во 48 годишно лице од Неготино, кој претходно излегол од неговото возило.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето од Неготино, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу 22:45 часот возачот од Вевчани е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик, информираат од МВР.