Skip to main content

УИНТ „Св. Апостол Павле“

Денес и утре втор уписен рок на УИНТ „Св. Апостол Павле“

УИНТ „Св. Апостол Павле“ е единствениот универзитет во регионот специјализиран за информатички науки и технологии, со амбиција да ги подготви идните лидери на дигиталната ера.
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Втор уписен рок денес и утре на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ за новата академска 2025/2026 година.

-Идните бруцоши можат да се пријават на една од современите студиски програми во областа на информатичките науки и технологии, меѓу кои компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, како и дигитална бизнис-аналитика, информираат од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

УИНТ „Св. Апостол Павле“ е единствениот универзитет во регионот специјализиран за информатички науки и технологии, со амбиција да ги подготви идните лидери на дигиталната ера. Со својата интернационална ориентација, современи програми и визија за развој, универзитетот се позиционира како oхридски, но и светски универзитет, место каде што младите таленти од државата и странство создаваат дигитални решенија што го обликуваат утрешниот свет.

Најдобрите бруцоши имаат можност да добијат стипендии во рамките на Универзитетот, како и стипендии поддржани од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје.

Сите заинтересирани можат да се информираат на официјалната веб страна на Универзитетот www.uist.edu.mk каде можат да ги најдат условите пропишани со конкурсот.