Од Црвен крст Охрид информираат дека поради зголемениот интерес и во согласност со термините за пријавување и полагање во Капетанија на пристаништата – Охрид, објавен е дополнителен и воедно последен термин за курс по Прва помош за управувач на пловен објект.
Курсот е предвиден да се одржи утре, вторник, 16.09.2025 во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, со почеток 11:00 часот. Од таму напоменуваат дека сите пријавени треба да се присутни во просториите на Црвен крст Охрид на денот на обуката, најдоцна до 10:30 часот.
– Обуката е задолжителен дел од процесот за добивање дозвола за управување со пловни објекти, според важечките законски регулативи. Не ја пропуштајте можноста – осигурете си дозвола и стекнете вештини кои спасуваат живо, велат од Црвен крст Охрид.