Skip to main content

Во петок ќе се одржат 37. Охридски староградски средби

Влезот е слободен.
 |  инфодеск  | 

Во петок, со почеток во 19 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржат 37. Охридски староградски средби.

-Охридски староградски средби 2025, програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.

Во рамките на програмата ќе настапат  ГМХ„Вокс Лихнидос“ – Охрид, “Вокален Октет” – Прилеп, КУД Нико Пуцоски “Распеани Кичевчани” – Кичево, Ансамбл “Вања Лазарова“ – Скопје, ВИА “Распеани Стружани”- Струга, ЗГ “Градски Хор Штип” – Штип и КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца.

Влезот е слободен.