Охридската библиотека и Агенцијата за иселеништво потпишаа Меморандум за соработка
Вчера, директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Христина Трпеска, потпишаа Меморандум за соработка во кој се утврдуваат заеднички активности при промовирање на македонската култура од страна на иселениците, писатели кои творат во средините каде живеат и работат, а се поддржани од двете институции.
-Голем број од македонските иселенци потекнуваат од Охридскиот регион, нивна желба е најчесто промоции на книги, фолклорни настапи, театарски претстави, литературни читања, екскурзии и други културни настани да се одржуваат токму во Охрид, велат од Библиотеката.
Од таму додаваат дека на средбата се воспоставија темелите за идна и плодна соработка со надеж дека и таа ќе биде поттик иселениците и понатаму да творат и да ја негуват македонската култура, јазик и писменот и да ја пренесат на идните генерации.