Годинава, традиционално во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта ќе се одбележи големиот христијанскиот празник „Рождество на Пресвета Богородица“.
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
По повод празникот, бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“, во сабота, на 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 250 денари за повратен билет.