Skip to main content

Полициска акција во Берово, Пехчево и Делчево

Неофицијално откриена шумска мафија во Берово, Пехчево и Делчево.
 |  инфодеск  | 

Голема полициска акција од синоќа се спроведува во Берово, Пехчево и Делчево. Според некои медиуми се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Неофицијалните информации откриваат дека меѓу приведените се актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“, началник во полицијата, повеќе полициски службеници, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на Министерството за земјоделие, како и сопственици на приватни компании. Тие се сомничат дека организирале систематска сеча и транспорт на дрвна маса, која преку коруптивни врски се продавала како легално исечена.