Во недела во Струга ќе се одржи ревија на народни носии „Од ризниците на ансамблите“
Во недела, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годинашната Ревија на народни носии насловена „Од ризниците на ансамблите“, а во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.
– На сцената во Центарот за култура ќе продефилираат пет реномирани ансамбли, кои во своите депоа чуваат и на сцената користат автентични и оригинални народни носии, вброени во носии од прва категорија, што е голема реткост на македонската фолклорна сцена. Покрај народните носии, публиката ќе има пожност да проследи и сценски настапи на друштвата, вели Љупчо Милошески, раководител на КУД „Илинден“.
Учесници на годинашната Ревија на народни носии се АНИП „Орце Николов“ и фолклорен ансамбал „Етнос“ од Скопје, како и културно уметничките друштва „8 Октпмври“ од Крива Паланка, „Илинден“ од Битола и „Мирче Ацев“ од Прилеп.
Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред пет години беше возобновена од КУД „Илинден“.